Капацитети

Алекс поседува два сопствени производствени погони, со вкупна површина од 5.000 м2 и тоа 3.000 м2 во Кочани и 2.000 м2 во Пробиштип во кои работат вкупно 350 вработени распоредени во 9 производствени линии со контролирано производство од стручни техничари, 1 везачко одделение и 1 CAD одделение, комплетна логистика, дозвола за увоз-извоз.

Производствените погони се комплетно опремени со автоматски машини и потребни материјали, репроматеријали и алати за вршење на сите конфекционерски услуги. Затоа и сите тие услуги стојат на располагање на нарачателот.

Сопствени возила: Mercedes Sprinter од 16 m3 и Peugeot Boxer од 17 m3и Renault Traphic од 7 m3 и Fiat Doblo, сопствен магацински простор со штендери за 30.000 парчиња, паркинг плац и др.

Капацитетот за производство е околу 30.000 – 50.000 парчиња месечно, и тоа 20.000 – 30.000 парчиња (женски блузи и спортски јакни) во Кочани и 10.000 – 20.000 парчиња тешка женска облека (блејзери и капути) во Пробиштип.

би сакале да соработуваме

Адреса:

"Крижевска" бр. 19
2300 Кочани, РН Македонија

Телефон/Факс:

+389 (0)33 275 228
+389 (0)33 275 229

E-mail:

josifova@aleks.com.mk
export-import@aleks.com.mk