Накратко за нашата компанија

Алекс е компанија која го организира, менаџира и извршува производството на женска готова облека. Нашите производни погони ги нудат следниве услуги: правење мостри, кроење, шиење, пакување, порабување, перење, купување на помошни материјали за CMT производство, специјална опрема. Заедно со нашите подизведувачи ги нудиме следниве производи: палта, блејзери, јакни, спортски јакни, блузи, панталони, здолништа, фустани, трико, … или вкупно 70.000 парчиња на месец.

Клучни факти: Стратешка локација, квалитетни производи,  направени по европски стандарди за квалитет, BSCI стандард, Euro 1 сертификат, сертификат за успешност.
Краток период до почетокот на производство, брза испорака и висок степен на флексибилност. Производствен процес од две до четири недели… и два до четири дена за достава до секоја дестинација во Европа.

Не само што ги обработуваме техничките документи и нарачки, туку истотака ги подготвуваме и сите документи за увоз и извоз. Имаме и банкарски гаранции за царински и увозни давачки, со сопствено овластување.

Повеќе од 44 години искуство. Ние се грижиме за вашиот технички персонал. Долгорочната посветеност и соработката со нашите клиенти придонесоа за успехот на Алекс.
Алекс. Вашиот партнер за one-stop концепт во CMT производство. 

корпоративна видео презентација

награди на кои сме горди

нашиот одговор на COVID-19 кризата

COVID-19 кризата предизвика ненадејна , итна и досега невидена пореба од Лична Заштитна Опрема (ЛЗО).

За да одговори на зголемената побарувачка на маски, „Алекс“ се адаптираше на новонастанатата ситуација, преуредувајќи и реорганизирајќи ја целата фабрика и сите нејзини погони. Преминувањето од производство на готова облека во производство на маски, во рекордно кратко време, е постигнато благодарение на ангажираноста на целиот тим.

Нашите не-медицински маски Ви овозможуваат одлична заштита против потенцијално вирусните капки во воздухот, но ги заштитува и останатите од Вас, доколку Вие сте потенцијално заразен.

наши клиенти

светски познати брендови за мода и облека

aleks-logo-outline

би сакале да соработуваме

Адреса:

"Крижевска" бр. 19
2300 Кочани, РН Македонија

Телефон/Факс:

+389 (0)33 275 228
+389 (0)33 275 229

E-mail:

josifova@aleks.com.mk
export-import@aleks.com.mk

Алекс - Кочани

"Крижевска" бр. 19
2300 Кочани, РН Македонија

Алекс - Пробиштип

"Миро Барага" бр. 7-а;
2210 Пробиштип, РН Македонија