услуги за производство на облека

Алекс е реномирано име во индустријата за производство на облека, познати по посветеноста на квалитет, достапноста и навремената достава. Стекнавме одлична репутација на глобалните пазари, како една од водечките фабрики за производство на облека во Југоисточна Европа.

Во нашите погони се проиаведуваат сите видови на облека за жени. Нашите клиенти се познати брендови за облека, модни дизајнери, трговци на големо и трговци на мало од различни земји на Европската унија.

Од развој на мустри па се до пакување, нашите специјализирани работници користат опрема со најсовремена технологија. Сите најсложени процеси на производство редовно се извршуваат во нашата фабрика. Пред испораката се врши и рачна инспекција, како двојна проверка на веќе готовите производи.

Ние веруваме дека ниту една компанија не може да опстане подолго време, освен ако на пазарот не нуди квалитетни производи. Оттука, преземаме строги мерки за да го зголемиме квалитетот на нашите производи и задоволството на нашите клиенти.

како работиме

Нашите производствени погони поседуваат опрема со кои производството на облека може да се прилагоди токму според потребите на клиентите. Ние сме посветени на тоа не само да ги исполниме, туку и да ги надминеме сите барања на клиентите, нудејќи им облека со врвен квалитет.

Ви нудиме и флексибилна можност за нарачка, може да нарачате во големи или во мали количини.
Еве како обично работиме:

дизајн

Соработката ја започнуваме со доделување на тим од дизајнери, со кои тесно ќе соработувата при реализирањето на вашиот проект. Нашиот тим ќе ги резимира сите ваши идеи од нив ќе го формира првиот примерок (мустра). Секогаш прво консултирајте се со нашите дизајнери пред да продолжите со проектот.

одбирање на материјал

Во оваа фаза, клиентите одлучуваат кои материјали и помошни материјали ќе се користат во производството. Можете да одлучите сами или да се консултирате со нашиот стручен тим за да го одберете најдобриот материјал. Ние, исто така, ќе ви помогнеме да ги изберете најдобрите декорации, патенти и копчиња.

мустра за одобрување

Пред започнување на производствениот процес, задолжително прво ја испраќаме мустрата кај клиентот, за нејзино одобрување. Клиентот го одобрува примерокот (мустрата) или го враќа назад на Алекс за негова доработка.
Откако мустрата ќе биде одобрена се продолжува кон производство на налогот.

Производство

Без разлика дали имате голем налог за обична или декорирана облека, прво мора да ја одобрите мустрата, а ние потоа ќе ги исполниме сите ваши барања за нарачка. Накратко, ние никогаш не оставаме простор за какви било неточности, ниту правиме компромиси во рамките на нашите производствени стандарди.

контрола и пакување

По финализирањето на производството на вашиот налог, нашиот искусен тим за контрола на квалитетот го извршува последниот преглед.
Пакувањето се врши според барањата утврдени од страна на нашите клиенти, по што нарачката се транспортира до клиентот, секогаш имајќи во предвид да пристигне навреме.

логистика

Нашиот оддел за логистика ќе го испланира и изврши складирањето и транспортот на производите од нашиот магацин до крајната дестинација зададена од страна на клиентот, на најефикасен можен начин. Нашиот стремеж е секогаш да ги исполниме барањата на клиентите навремено и економично.

менаџмент на синџир за набавка

Ние сме горди со конечниот изглед на вашиот производ. Почнувајќи од набавката и складирањето на репроматеријалите, преку производството, па се до транспортот на производите до крајната дестинација, ние ја превземаме контролата, но и одговорноста. Без разлика дали станува збор за основен или помошен материјал, можете да бидете сигурни дека нашето децениско искуство и знаење ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

Зошто да го одберете алекс

Ние поседуваме целосно функционални производствени погони во кои можеме да им понудиме професионални, прифатливи и висококвалитетни услуги на од најмалите до најголемите бизниси.

конкурентни цени

Нашите цени за производство на готова облека се екстремно ниски, без било каков компромис на квалитетот.

посебно внимание

Внимателно го проверуваме секој готов производ, за лично да се увериме дека е перфектно дизајниран и произведен.

извонреден квалитет

Свкупниот производствен процес го врши нашиот тим, кој е составен од целосно посветен, вреден и искусен персонал.

грижа за корисници

До перфекција ја усогласивме грижата за корисници, за да се увериме дека секоја трансакција е пријатна, секогаш.

би сакале да соработуваме

Адреса:

"Крижевска" бр. 19
2300 Кочани, РН Македонија

Телефон/Факс:

+389 (0)33 275 228
+389 (0)33 275 229

E-mail:

josifova@aleks.com.mk
export-import@aleks.com.mk